Лоши вести за фановите на Манчестер јунајтед околу иднината на Марсијал

by
1 минути читање

Последно нешто што
сакаат фановите на тимот од Олд Трафорд да го слушнат околу вестите за нивниот
омилен клуб е тоа дека француските медиуми пренесуваат дека Антони Марсијал е
загрижен за својата иднина во клубот.

Според информациите,
преговорите помеѓу Манчестер јунајтед и Марсијал запреле уште во декември
ланската година, а Французинот наводно не добил нова понуда од клубот од тогаш
па наваму.

Од тоа што го пренесува
RMC, се вели
дека Марсијал се чувствувал непочитуван на Олд Трафорд, а истиот медиум е добро
информиран кога станува збор за овој фудбалер, откако прв објави за понудата на
Манчестер до Монако пред три години.

Марсијал има важечки
договор со тимот од Олд Трафорд до идната година, но ништо чудно да си замине
уште во претстојниот летен преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани