Лоши вести за Челси, Азар го одбил новиот договор и чека понуда од Реал Мадрид

by
1 минути читање

Белгиецот долго време се поврзува со преселба на Сантијаго Бернабеу и се најавува дека летоска токму Еден Азар би можел да биде новото „Галактико“ засилување.

Челси не сака да слушне за продажба на својот најдобар играч и му понуди нов побогат договор.

Но таткото на Еден Азар сега открива дека неговиот син го одбил предлогот за продолжување на соработката и сега чека понуда од Реал Мадрид.

„Еден го одби предлогот за продолжување на договорот со цел да може да види што ќе се случи со Реал Мадрид, клуб во кој се гледа себеси“ – вели Тјери Азар за Ле Соар.

„Но во моментов нема никаков контакт“.

Самиот Еден Азар никогаш не криел дека има симпатии за „Кралевите“ и дека посакува да соработува под водство на неговиот идол Зинедин Зидан.

Сегашниот договор на Белгиецот со Челси е со трајност до 30. јуни 2020.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани