„Лоши вести“ за Јунајтед, Касемиро најави дека останува во клубот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Навивачите на Манчестер Јунајтед воопшто не се одушевени од партиите и однесувањето на теренот на Касемиро, па често е мета на критики.

Многумина посакуваат тој да замине, а веројатно така е и во клубот бидејќи има огромна плата. Бразилецот кој пристигна на „Олд Трафорд“ од Реал за 70 милиони евра во 2022 година не сака да замине од клубот.

Имам уште година ипол од договорот со Јунајтед и сакам до крајот да остана во Манчестер. Удобно ми е тука, исто и на моето семејство“, изјави Касемиро.

Досега за „црвените ѓаволи“ Касемиро одигра 108 натпревари и постигна 15 гола, а далеку е од очекувањата кои за него ги имаа навивачите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани