Локомотив Москва го имал Нејмар за само десет милиони евра, но не сакал да „ризикува“ толку пари за тинејџер?!

by
1 минути читање

Московски Локомотив
направил голема утка околу еден од најдобрите фудбалери во светот Нејмар, кој
моментално настапува за ПСЖ каде премина за рекордни 222 милиони евра, а за тоа
сведочи и изјавата на поранешниот претседател на клубот, Николај Наумов за тоа што се случило пред десет години.

Размислувавме дали
вреди да се купи Нејмар. Сакавме да го сториме тоа, нашите скаути редовно го
следеа, но имавме прилично големи сомневања, прво беше премногу млад, второ, не
знаевме како ќе се прилагоди во Русија, со тоа ја одбивме таа прилика која ќе
не чинеше околу 10 милиони евра. Толку пари за дете од друг континент, треба да
бидете внимателни со тие работи…
“ рече Наумов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани