Ливерпул загуби и од Брентфорд, четврти пораз по ред во Премиер лигата! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Актуелниот шампион на Англија, Ливерпул врза четири порази по ред во лигата откако денеска загуби со 2-3 на гостувањето кај Брентфорд.

Ливерпул минатата сезона имаше вкупно четири порази, а оваа веќе нанижа четири по ред. Момците на Слот не можат да излезат од кризата.

Шокот го почувствуваа уште во петтата минута кога Кватара даде гол за водство на Брентфорд од 1-0.

Во 45. минута Шаде зголеми на 2-0, но во судиското продолжение Керкез погоди и го врати Ливерпул во живот. Со предност од 2-1 за Брентфорд се замина на одморот.

По 15 минути игра во вториот дел Ван Дајк направи глупав пенал кој го реализираше Тиаго за 3-1.

До крајот на мечот Ливерпул успеа само преку Салах да намали во 89. минута од мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×