67
Ливерпул со 3-0
го совлада Борнмут во мечот од 34 коло во англиската Премиерлига.
Мане во седмата
минута погоди за почетно водство на домаќините, а со минимална предност тие
заминаа на паузата.
Во второто
полувреме Салах во 69. минута зголеми на 2-0, а Фирмино во 90. го постави
конечниот исход од средбата.
Со оваа победа
Ливерпул е на еден бод негатива зад второпласираниот Манчестер јунајтед кој има
71 бод, но и два меча помалку од тимот од Енфилд. Борнмут со 38 бода е на
средина од табелата во Премиерлигата.