Ливерпул славеше кај Хофенхајм, тинејџерот Арнолд ги воодушеви сите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул направи
значаен прогрес кон групната фаза од Лигата на шампионите, избраниците на
Јирген Клоп вечерва со 1-2 го совладаа Хофенхајм во гости.

На средбата во
Германија импресионираше 18 годишниот Трент Александер Арнолд. Тинејџерот во
35. минута постигна прекрасен гол од слободен удар, и од преку 25 метри биеше
неодбранливо покрај стативата.

Нордвајт со
автогл во 77. минута значително им ја олесна работата на „Црвените“ за реваншот
на Енфилд, а Марк Ут погоди во 87. минута за 1-2 и враќање на малку надеж во
редовите на Хофенхајм.

Резултати плеј-оф Лига на шампиони:

Карабак – Копенхаген 1:0
АПОЕЛ – Славија Прага 2:0
Хофенхајм – Ливерпул 1:2
Спортинг – Стеауа 0:0
Јанг Бојс – ЦСКА Москва 0:1


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани