427
Ливерпул е една од
екипите кои се уште се во комбинација за потписот на Герет Бејл, чија иднина во
Реал Мадрид е под знак прашалник, но се чини дека прва опција на Велшанецот е
Манчестер јунајтед.
Според информациите кои
пристигнуваат, Ливерпул биле сериозно заинтересирани да го доведат во своите
редови Бејл пред една година, а како „мамец“ го користеле токму Кутињо кој во
зимскиот јануарски преоден рок потпиша за Барселона.
Познато е дека Клоп е
доста голем почитувач на играта на Велшанецот која очигледно дека му одговара
на неговиот стил на игра кој практикува да го применува во тимот од „Енфилд
Роуд“, а Бејл повторно е во можност да си замине од Мадрид, овој пат во
претстојниот летен преоден рок.