Ливерпул се договорил
околу личните услови на 22 годишниот португалски офанзивец и член на Спортинг Лисабон,
Желсон Мартинс, останува уште договорот помеѓу обата клуба за да се финализира
неговиот трансфер на „Енфилд“.
Дел од медиумите во
Португалија пренесуваат дека Редсите му понудиле неделна плата во износ од
80,000 фунти, на што тој ја прифатил оваа понуда, сега на потег е токму
Спортинг Лисабон кој неофицијално сака исполнување на откупната клаузула која
изнесува цели 53 милиони фунти.
Спортинг Лисабон има
одлична позиција во преговорите за својот најдобар фудбалер кој е обврзан на
верност со клубот до 2022. година, Мартинс веќе подолг период е интересен за
повеќе гиганти од Европа а сезонава игра феноменално откако со 5 погодоци од 18
настапи е вистински предводник на тимот.