57
Нападот на
Ливерпул е брз, а со Набил Фекир, офанзивецот на Лион, би бил супер-брз,
релевантниот извор на информации „РМЦ“ пренесе дека Лион и Ливерпул веќе
постигнале договор за трансфер на капитенот на францускиот тим, кој би чинел 70
милиони евра, вклучувајќи и бонуси.
Голема улога во
преговорите одиграл Жерар Улие, инаку поранешен тренер на Ливерпул, а преговорите се воделе неколку
седмици.
Се шпекулира дека
Фекир постигнал договор со Ливерпул за петгодишна соработка со клубот од
Енфилд.