„Црвените“ наскоро ќе тропнат на вратата на ПСЖ со предлог за трансфер на Бредли Баркола, на маса ќе бидат ставени 110 милиони фунти, или околу 130 милиони евра.
Бредли Баркола е една од опциите на Ливерпул за наследник на Мохамед Салах и последните информации велат дека ќе биде доставена конкретна понуда.
Како што објави Телеграф, „црвените“ на маса ќе стават 110 милиони фунти, или околу 130 милиони евра.
ПСЖ го купи Французинот од Лион пред три години за 45 милиони евра, па со ваква сума, ќе инкасираат три пати повеќе.
Но останува да се види дали тоа ќе биде доволно, изминативе денови се пишуваше дека „светците“ бараат 170 милиони евра, или околу 145 милиони фунти за продажба на Бредли Баркола.