Медиумите од Франција и Англија пренесуваат дека ПСЖ бара околу 170 милиони евра за продажба на Бредли Баркола, „светците“ сепак сметаат дека оваа луда сума сепак е оправдана.
Името на Бредли Баркола се наоѓа во бележниците на неколку клубови од Премиерлигата, а се верува дека најсериозно за неговите услуги загриза Ливерпул, кој е во потрага на наследник на Мохамед Салах.
Но ПСЖ нема намера лесно да се откаже од Французинот и последните информации велат дека е поставена цена од 170 милиони евра.
Многумина сметаат дека ова е луда сума, но „светците“ сметаат дека таа е оправда.
При проценката како пример се земени неодамнешните трансфери на Морган Роџерс и Елиот Андерсон, кои беа вредни преку 135 милиони евра.
Во пресметката на ПСЖ е земено и тоа што Бредло Баркола има две последователни титули во Лигата на шампиони, сосема солидно издание на Светското првенство во САД, како и тоа дека има само 23 години и голем потенцијал.
Останува да се види дали Ливерпул е подготвен да плати толку многу, односно дали ќе го собори англискиот рекорд за најголем трансфер, во моментов на врвот е зделката вредна 145 милиони евра со која Александер Исак го замени Њукасл за Енфилд.