Ливерпул одигра
без голови на домашен терен против Стоук во рамките на првиот меч од редовното
36 коло во англиската Премиерлига.
Ова беше голем
бод за гостинскиот табор кој очајно се бори за опстанок во елитното друштво, а
за Ливерпул може сериозно да му ги помати сметките.
Дури 20 обиди
имаа избраниците на Клоп кон гостинскиот гол, од истите, само два удари
завршија во рамките на голот. Фудбалерите на Стоук успеаа да се одбранат на
крајот и да освојат драгоцен бод од ова тешко за нив, гостување на Енфилд.
Ливерпул со 72
бода се наоѓа на третото место, со четири повеќе од Тотенхем, односно девет
предност во однос на Челси, но и двете екипи имаат два меча помалку. Стоук пак,
со 30 бода има три бода негатива во однос на Свонси, кој на 17 место е во
позиција за опстанок во лигата, а притоа има и два меча повеќе во однос на тој
ривал.