Ливерпул не се штеди, Рома ќе добие богата понуда за Алисон?

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Островот, се вели дека Ливерпул е подготвен
да оди чекор напред во однос на битката за потписот на голманот на Рома,
Бразилецот Алисон Бекер.

„Дејли Мејл“
известува дека Редсите се надеваат дека ќе излезат како победници во
преговорите со Рома, но, за тоа да го сторат ќе треба добро да го одврзат
ќесето, па се најавува рекорд во однос на голманските трансфери.

Сепак вреди да се
издвои и изјавата на Мончи, спортскиот директор на Рома кој истакна дека засега
нема ништо ново во однос на преговорите со Ливерпул.

Доколку постои
опција некој да си замине од клубот, има три елементи кои треба да се исполнат,
првиот е понуда, вториот е согласност од клубот, како и од самиот фудбалер,
засега, ништо немаме од ова
“ рече тој, потенцирајќи дека во моментов нема ниту понуда од Ливерпул.

Ливерпул
очајно е во потрага по големо засилување на голманската позиција, која е болна
точка на тимот на Јирген Клоп кој токму поради Кариус го загуби големото финале
од Лигата на шампионите, а германскиот чувар на мрежата од голот на Англичаните
се извинуваше до фановите на таа екипа за кардиналните грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани