Ливерпул го сака Донарума, но има еден проблем

by
1 минути читање

Но, англискиот клуб не сака да ја плати сумата која ја бара Милан, а таа изнесува 70 милиони евра.

Се очекува голманот да го напушти Миланл откако направи неколку кикса на клучни натпревари и го навлече гневот на навивачите кои никако да го засакаат по минатото лето во кое сакаше да си замине.

„Милан нема да му стои на патот на Донарума доколку пристигнат соодветни понуди и тој сака да замине“, вели извршниот директор на клубот, Марко Фасоне.

СпортМедиасет информира дека Ливерпул е заинтересиран за Донарума и неговиот агент Мино Рајола веќе се сретнал со Јирген Клоп.

Милан бара 70 милиони евра за младиот голман, а тоа е сума која Ливерпул не планира да ја даде.

Тие му рекле на Рајола дека би платиле 40 милиони евра плус фудбалер, но Милан не би ни седнал на маса да разговара за таква понуда.

Сепак, Мино Рајола е агент кој би направил се за да го продаде својот фудбалер, па не се исклучува можноста зделката да биде договорена со некој компромис од двете страни.

Донарума се поврзуваше и со ПСЖ, но таму веројатно ќе се пресели Џиџи Буфон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани