Неколку извори од „островото“ пренесуваат дека Челси го сместил Чаби Алонсо на листата со желби.
„Црвените“ играат под очекувањата оваа сезона, притисокот врз Арне Слот е огромен, особено откако беа потрошени преку 400 милиони фунти на засилувања.
Па изминативе месеци често се говореше дека стратегот од Холандија може да добие отказ, а на негово место да биде ангажиран Чаби Алонсо.
Но Ливерпул сега добива конкуренција, неколку извори од „островото“ објавија дека Челси го сместил Чаби Алонсо на листата со желби.
„Сините“ се во потрага на нов тренер, па разгледуваат неколку опции, преферираат да донесат стратег кој работел на највисоко ниво, и Чаби Алонсо им е едно од имињата кои им фаќа око.
Но процесот е на самиот почеток, а покрај Чаби Алонсо, на листата со потенцијални тренери се и Андони Ираола од Борнмут и Марко Силва од Фулам.