Фудбалерите на Нешвил го совладаа Интер Мајами со 2-1 во вториот натпревар од осминафиналето на МЛС лигата и изборија одлучувачки трет дуел за пласман во четвртфиналето.
Домаќините ја решија работата уште во првото полувреме, кога со головите на Суриџ и Бауер поведоа со 2-0. Во продолжението Интер Мајами тргна по израмнување, но единствено успеа да намали преку Лионел Меси кој во 90. минута со прецизен удар откосо ги постави конечните 2-1.
Аргентинецот повторно беше најопасен по голот на Нешвил, а овој погодок му беше веќе шести во последните три средби против истиот ривал.
Решавачкиот натпревар за место во четвртфиналето ќе се одигра на 8 ноември.