Лингард објасни како го избрал Манчестер јунајтед, наспроти Ливерпул

by
1 минути читање

Џеси Лингард е
можеби еден од најомилените ликови кај фановите на Манчестер јунајтед, но малку
недостасувало тој да игра за Ливерпул.

Талентираниот
англиски фудбалер можел да избере помеѓу обата клуба каде настапувал во нивните
младински категории, но почувствувал дека не се пронаоѓа во тимот од Енфилд, по
што, на крајот го избрал Манчестер јунајтед.

Се сеќавам на
еден тренинг во Ливерпул кога еден мој соиграч не ми ја додаде топката, и си
помислив, јас не можам ова да го правам вака, си заминав заедно со мојот дедо,
и му реков
ајде да останам
во Манчестер јунајтед
, се
колнам, тоа беше причината
“ рече Лингард кој забележа 81 настап за тимот од Олд
Трафорд на кои постигна и 13 погодоци од 2011. година до овој момент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани