„Росонерите“ и
нивниот проблематичен сопственик Јонгхонг Ли и денеска се топ тема низ медиумите
од Италија. Обвинителството покрена
истрага за трансакцијата со која бизнисменот од Кина го купи Милан од Силвио Берлускони,
сомнителни се три исплати од декември.
Исто така, се
говори дека клубот испратил писмо до Росонери спорт инвестмен, холдинг
компанијата во сопственост на Ли, и побарано е зголемување на капиталот во
износ од 10 милиони евра до 23. март, односно до утре. Овие пари се дел
од финансиската инекција вредна околу 35 милиони евра која му е потребна на
Милан за да остана ликвиден до крајот на сезоната.
До овој момент,
Ли ги исполнувал сите обврски, но сега постои загриженост бидејќи кредиторите
од Кина се претпазливи и не сакаат да даваат гаранции откако неговата копманија
Џие Анда прогласи банкрот. Опција е одново
да се позајмат пари од фондот Елиот, на кого веќе му се должат 303 милиони евра
(180 должи Росонери спорт инвестмен и 123 самиот клуб). Но едно вакво сценарио
ќе придонесе Ли да изгледа немоќен.
Исто така
медиумите одново говорат за можноста несудениот газда на Арсенал да го купи
Милан.
Рускиот
милијардер Алишер Усманов, кој поседува околу 30% од акциите на „Топџиите“ во
неколку наврати се обиде да стигне до управувачка сопственост на клубот од
Северен Лондон но ја загуби битката со милијардерот од САД, Стен Кронки.
Тој сега е
подготвен да го превзеде Милан доколку Ли е приморан да го продаде клубот од
Сан Сиро. Ли до октомври треба да го врати долгот кон Елиот или во спротивно
хеџ фондот ќе стане сопственик на „Росонерите“.
Алишер Усманов
влегува во игра преку Пол Сингер, основачот на Елиот, кој е голем фан на
Арсенал.