Лежи лебу да те јадам: Бен Арфа ќе ги почасти соиграчите зошто една година не игра за ПСЖ а зема милионска плата!

by
2 минути читање

Французинот
важеше за еден од најталентираните играчи во својата генерација но никогаш не
стана голема фудбалска ѕвезда зошто правеше проблеми во секој клуб каде што настапуваше. Откако во
сезоната 2015/16 одигра на фантастично ниво во Ница и постигна 18 погодоци во
Лиг 1, на негова адреса пристигнаа огромен број понуди, а најсериозно загриза
ПСЖ.

„Светците“ решија
да му дадат нова шанса за докажување на највисоко ниво, но Атем Бен Арфа си продолжи
по старо во Париз па сега ќе слави уште еден неславен јубилеј, во четврток ќе
помине една година откако тој за последен пат го облече дресот на гигантот од
Паркот на Принцовите.

Офанзивниот
фудбалер својот последен настап за ПСЖ го имаше на 5. април 2017 против Авранш
во Купот на Франција, натпревар на кој постигна два гола а имаше и една
асистенција. Поради различни
инциденти тој воопшто не игра, а еден период тренираше и со резервите, но
откако се замеша Фудбалската федерација на Франција, тој беше вратен во првиот
тим.

Како што пишуваат
медиумите од Франција, Атем Бен Арфа влегол во расправија со тренерот Унаи
Емери по срамниот пораз од 6-1 на Камп Ноу и елиминацијата во Лигата на
шампионите и му кажал на Шпанецот дека никогаш нема да го освои ова елитно
натпреварување, дури и да биде на чело на најдобриот клуб во Европа. Како ова
да не било доволно па тој исто така во соблекувалната го имитирал однесувањето
на стратегот и неговите гестикулации покрај аут-линија, соиграчите мислеле дека
тоа е урнебесно и се смееле со солзи во очите, но Унаи Емери не ја видел
смешната страна па го казнил Бен Арфа.

Играчот исто така
се шегувал и на сметка на претседателот Насер Ал Келаифи и тоа со шеикот Тамин
ал-Тани, Емир на Катар и сопственик на ПСЖ. Ал Келаифи никогаш не му простил на
Бен Арфа за ова понижување и се заколнал дека играчот никогаш повеќе нема да го
облече дресот.

Минатата недела,
Бен Арфа на Инстаграм објави дека следната сезона нема да биде дел од ПСЖ, а за
крај подготвува уште една провокација и во четврток ќе слави една година од
последниот настап. За овој повод планира да ги почасти соиграчите и да донесе
пица во соблекувалната. Ситна работа ако се земе во предвиде дека има плата од
500.000 евра месечно односно заработува 6 милиони евра по сезона без да шутне
топка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани