Баер Леверкузен веќе размислува за новата сезона во која што освен штп без Чаби Алонсо веројатно ќе влезе и без некои од фудбалерите кои беа клучни во изминатите години како Џонатан Та и Флоренција Вирц. Поради тоа во клубот размислуваат за нивни замени.
Како дел од процесот на реконструкција, „фармацевтите“ веќе ги насочија очите кон потенцијални засилувања, а едно од имињата што сериозно се споменува е Робин Кох. Дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт има откупна клаузула во од 18 милиони евра, и според германските медиуми, прашање на време е кој клуб ќе ја активира. За Кох интерес покажуваат и Борусија Дортмунд и Лајпциг, но Леверкузен го гледа како идеална замена за Та, кој се очекува да се пресели во Баерн Минхен.
Паралелно со играчките ротации, Леверкузен е во потрага и по нов стратег. На списокот се најдоа две звучни имиња – Цеск Фабрегас, кој остави позитивен впечаток во Комо, и Ерик тен Хаг, кој е слободен по разделбата со Манчестер јунајтед.