87
Според информациите кои
пристигнуваат од Островот, за кои потврдуваат тамошните медиуми, Ријад Марез не
се појавил во Лестер три денови, тој пропуштил неколку тренинзи на поранешниот
англиски првак кој сега подготвува казна за него.
Алжирецот веќе пропуштил
два тренинга на клубот, а воедно не беше во составот во синоќешниот пораз на
гостувањето кај Евертон со 2-1.
Познато е дека Манчестер
Сити се споменуваше како негова идна дестинација во зимскиот јануарски преоден
рок кој заврши доцна синоќа, а наводно Алжирецот се правдал во клубот дека
мислите му се измешани по пропаднатиот трансфер во Манчестер Сити.
Наводно Лестер
подготвува парична казна за Марез во висина од цели 200,000 фунти.