Следниот месец
Аргентина игра пријателски натпревар со Шпанија, двата гиганти силите ќе ги
одмерат на Ванда Метрополитано, стадионот на Атлетико Мадрид.
За оваа прилика, „Гаучосите“ решиле да го користат тренинг центарот на Реал
Мадрид во Валдебебас па Лео Меси ќе стане првиот играч од Барселона кој ќе
работи во комплексот на лутиот ривал.
Медиумите од
Аргентина пренесуваат дека тимот на Сампаоли четири дена ќе работи во тренинг
центарот на „Кралевите“, а се одлучиле на ваков чекор бидејќи Сиудад Реал Мадрид
им нуди комфор и најблизок пат до аеродромот и хотелот каде што ќе бидат
сместени.
Па Лео Меси ќе
прилика да се почуствува како играч на Реал Мадрид. Останува да се види какви
домаќини ќе се покажат „Кралевите“ и дали ќе подготват некој трик за ѕвездата
на „Каталонците“.