На големо
изненадување, Арсен Венгер реши да го изостави својот најдобар играч, Алексис
Санчез за дербито со Ливерпул и гостувањето на Енфилд.
Медиумите потоа
објавија дека Французинот се решил на еден ваков чекор откако Алексис Санчез
предвреме заминал од еден тренинг и потоа имал расправија во соблекувалната.
Арсен Венгер
истакан дека нема вистина во ова, но Роберт Пирес сега го демантира
менаџерот на Арсенал.
Поранешниот играч
на „Топчиите“ вели дека бил сведок на целиот инцидент и објасни што точно се
случило.
„Сториите кои
велеа дека имало тепачка или пак турканица се претерани и не се точни” – вели Пирес.
„Бев таму, бев на
тренингот а потоа и во соблекувалната. Да, имаше несогласување на теренот,
имаше лош старт врз Алексис Санчез. Тој одлучи да го напушти теренот, нешто што
не требаше да го стори”.
„Потоа, неколку
играчи, помеѓу кои и капитенот Лоран Косјелни, отидоа да разговараат. Беа
разменети зборови, немаше физички контакт. Сите се професионалци”.
„Арсен Венгер
одлучи да го казни Санчез за однесувањето и го седна на клупата за дуелот со
Ливерпул”.
„За жал, тоа не
помина добро”.