Леао сака да игра во Англија, посочи два клуба!

by riste
1 минути читање

Извесно е дека Рафаел Леао ќе го напушти Милан ова лето, а дестинација која тој ја преферира е Премиер лигата.

Тој јавно кажа дека сака да замине од Милан, а сега додаде и каде би сакал да настапува.

„Сакам нов предизвик надвор од Серија А. Долго време ја следам Премиер лигата и многу ми се допаѓа би сакал да добијам можност да играм таму или во Ла Лига, верувам дека мојот талент повеќе би дошол до израз отколку во Италија“, истакна Леао.

„Го следев Манчестер Јунајтед поради Кристијано Роналдо кој беше мој идол, ги гледав сите натпревари на Јунајтед, но ми се допаѓа и Арсенал“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×