Белградска Црвена Звезда
славеше минимална победа од 1-0 над Келн и со тоа го обезбеди второто место во
групата „Х“ каде како првопласиран заврши Арсенал.
Единствениот гол на
мечот во Белград го постигна Срниќ во 22. минута од средбата.
Српските медиуми
јавуваат и за трагичен начин од мечот во Белград. Срцето на еден навивач на
Црвена Звезда не ги издржало возбудувањата, а лекарите не успеале да му го
спасат животот по што тој починал.
Европска пролет ќе има и
бугарски Лудогорец, кој пак со ремито кај Хофенхајм од 1-1 го освои второто
место во групата „Ц“ каде како прв на табелата во оваа конкуренција во следната
фаза патува Брага.
Охс во 25. минута ги
доведе домаќините во водство од 1-0, а голот за израмнување го постигна
Вандерсон во 62. минута. Евентуален пораз на бугарскиот претставник ќе значеше
губење на второто место и прогрес за Башакшехир.
Резултати:
Аполон – Евертон 0:3
Аталанта – Лион 1:0
Австрија Виена – АЕК 0:0
Башакшехир – Брага 2:2
Динамо Киев – Партизан 4:1
Копенхаген – Шериф Тираспол
2:0
Хофенхајм – Лудогорец 1:1
Ријека – Милан 2:0
Славија Прага – Астана 0:1
Вилјареал – Макаби Тел
Авив 0:1
Јанг Бојс – Скендербег 2:1