Големо изненадување се
случи во првото полувреме од мечот на Арсенал пред своја публика против шведски
Остерсундс, кога гостите во една минута, поточно 22. и 23 минута дојдоа до
водство од 0-2 и беа на прагот да го шокираат премиерлигашот кој славеше со 0-3
во првата пресметка.
Алиеш и Сема донесоа
големо водство за Остерсундс кое се стопи по само две минути игра во вториот
дел по голот на Колашинац за 1-2.
Аталанта беше немоќна да
обезбеди победа во дуелот со Борусија Дортмунд откако загуби во Германија со
3-2, па дома ремизираше со 1-1. Домаќините први поведоа уште во 11. минута со
голот на Толој, но израмни Шмелцер во 83. минута.
Од останатите
натпревари, Милан со голот на Борини во 21. минута и вкупен резултат од 4-0 во
дуелите со Лудогоретс, сосема очекувано прогресираше во следната фаза.
Резултати:
17
часот
Локомотив
Москва –
Ница 1:0
19
часот
Атлетико
Мадрид –
Копенхаген 1:0
Динамо
Киев –
АЕК 0:0
Лацио – Стеауа 5:1
Плзењ – Партизан 2:0
Лајпциг – Наполи 0:2
Спортинг
Лисабон –
Астана 3:3
Виљареал
– Лион 0:1
Зенит – Селтик 3:0
21,05 часот
Милан – Лудогоретс 1:0
Арсенал – Остерсундс 1:2
Аталанта
– Борусија Дортмунд 1:1
Атлетик Билбао – Спартак Москва 1:2
Брага
– Олимпик Марсеј 1:0
Салцбург – Реал Сосиедад 2:1
(болдирани се екипите кои
продолжуваат во следната фаза)
Фото-вест: uefa.com