Лаутаро се расплака пред камерата: Само што ја побарав мајка ми, беше на работа…(ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Аргентина се пласираше во финалето на Светското првенство откако со пресврт ја совлада Англија со 2:1 во историскиот полуфинален натпревар одигран во Атланта. Еден од хероите на „гаучосите“ беше Лаутаро Мартинез кој го постигна вториот гол за целосен пресврт.

„Многу сум емотивен. Се сеќавам кога татко ми ми ги купи првите копачки… Отсекогаш сонував дека ќе постигнам ваков гол. Ова е неизмерна среќа“, изјави расплаканиот Мартинез веднаш по натпреварот.

Победата ја посвети на своето семејство.

„На мајка ми, која од денот кога заминав во Расинг никогаш не престана да ми го мести креветот. Тоа вреди повеќе од голот и од финалето. Тука се и моите два сина кои ми го променија животот. Тие ме научија да забавам и повеќе да уживам во животот со нив“, изјави аргентинскиот репрезентативец.

Мартинез призна дека е преплавен од емоции.

„Не можам да престанам да плачам. Мислам на сопругата, децата и родителите. Сето ова е многу тешко, преплавен сум од чувства. Тукушто ѝ се јавив на мајка ми, беше на работа. Таа многу се мачи и повеќе сака да оди на работа отколку да ги гледа натпреварите, бидејќи ѝ е премногу стресно“, откри тој.

Напаѓачот откри и дека претчувствувал дека токму тој ќе биде стрелец.

„Се колнам, го сонував ова. Му реков на Алексис дека ќе постигнам гол, а истото му го кажав и на Факундо Медина на клупата. И ете, така и се случи. При вториот центаршут на Лео се уфрлив зад Стоунс“, изјави Мартинез.

Во финалето кое е на програмата е в недела Аргентина ја чека натпревар против Шпанија која еден ден порано славеше победа над Франција со 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×