Лас Палмас на гостувањето кај Барселона играше со „провокативни“ дресови за домаќинот (ФОТО)

by
1 минути читање

Лидерот во Примера пред празни трибини славеше над Лас
Палмас во седмото коло во шампионатот, а гостите дојдоа со специјално
дизајнирани дрезови за пресметката во Каталонија.

Очите на светска јавност беа вперени во Каталонија вчера,
и тоа поради референдумот за независност, а политичките случувања не ги
заобиколија и оние спортските, за жал.

Поради безбедносни мерки, вчерашниот меч Барселона го
одигра пред празни трибини на „Камп Ноу“, славеше со 3-0 над Лас Палмас и се
уште има максимален ефект од победи во Ла Лига по седум одиграни меча.

Сепак, гостинската екипа на „Камп Ноу“ дојде со
специјално дизајнирани дресови за вчерашната пресметка, а на нивните дресови
камерите го уловија знамето на Шпанија.

Во
делот каде се најде знамето на Шпанија, стоеше и вчерашниот датум (01.10.2017),
денот за референдумот за независноста на Каталонија, референдум кој шпанската
влада го означи како нелегитимен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани