Ламин Јамал стави потпис на нов договор и доби плата каква што нема ниту еден тинејџер

by bojan
1 минути читање
Јамал

Барселона потврди дека потпиша нов договор со Ламин Јамал со трајност до 2031 година, се шпекулира дека тинејџерот ќе стане еден од најплатените во составот на „каталонците“.

Јамал е најмлад во составот на Барса, но стана најголема ѕвезда, па исклучително важно за каталонскиот клуб беше да го забетонираат неговиот потпис, што сега и се случи.

„Барселона и Ламин Јамал постигнаа согласност за обнова на неговиот договор според кој ќе биде врзан за клубот до 30 јуни 2031 година“, стои во соопштението на клубот.

Како што пренесуваат медиумите, Ламин Јамал со новиот договор ќе добие плата каква што нема ниту еден тинејџер.

Тој во иднина ќе заработува околу 15 милиони евра по сезона, а со бонуси, сумата може да стигне и до 20 милиони евра.

Барселона и Ламин Јамал имаа согласност за автоматско продолжување на соработката кога тој ќе наполни 18 години, и според тој договор, неговата плата требаше да биде околу 5 милиони евра по сезона.

Но откако фудбалерот сруши еден куп рекорди и се наметна како еден од главните играчи во тимот, мораше да биде направена нова корекција, а Жоан Лапорта и Деко решија за три пати да ја зголемат првично договорената бројка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани