Барселона го награди својот најголем бисер – Ламин Јамал го продолжи договорот со каталонскиот гигант до јуни 2031 година и од следната сезона ќе стане најплатениот фудбалер во тимот!
Иако моментално зад себе ги има Роберт Левандовски и Френки де Јонг по висина на плата, новите договори што ќе стапат на сила од следната сезона ќе го донесат младиот шпански репрезентативец на самиот врв. Полјакот ќе има редуцирана плата, а Холанѓанецот ќе потпише нов договор со помали услови – со тоа Ламин ќе ги надмине двајцата.
Според новиот договор, 16-годишниот Јамал ќе заработува 8 милиони евра по сезона како фиксен износ, а со бонусите сумата може да скокне и до 15 милиони. И тоа не е крај – со текот на времето, платата ќе му се зголемува.
До крајот на договорот, Ламин Јамал ќе има само 23 години – што само покажува колкав потенцијал гледа клубот во него.
Зад Јамал, Левандовски и Де Јонг, највисоки примања во екипата имаат Рафинја, Дани Олмо, Педри и Жил Кунде.