Лацио го победи Интер, судијата заборави на новите правила (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Победничката
серија на Интер заврши, избраниците на Пиоли се поразени пред своите фанови во
дуелот со Лацио.

Андерсон го
донесе гостите во предност од 0-1 во 20. минута, а потоа на стартот од вториот
дел Биглиа погоди од белата точка за 0-2.

Притоа судијата
заборави на новите правила, односно одлуката на ФИФА да нема тројна казна и да
не се дава црвен картон доколку стартот за пенал не е опасена.

Миранда имаше
минимален контакт со противничкиот играч, но и покрај тоа дефанзивецот беше
исклучен.

Потоа и Лацио
остана со играч помалку откако Раду заработи втор жолт картон, а Брозовиќ ја
направи драматична завршницата со гол во 84. минута.

Сепак, Интер
немаше сили за нов погодок и на крајот мораше да се помири со елиминација.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани