Лацио едвај до реми против Кротоне, за пласман во Лигата на шампионите ќе води битка против Интер во последното коло (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Лацио одигра 2-2
на гостувањето кај Кротоне во претпоследното 37 коло во најсилниот италијански
фудбалски шампионат, Серија А, а со тоа, иако имаше можност денес да го потврди
местото кое води во Лигата на шампионите за идната сезона, тоа не го стори, па
директниот дуел со Интер во последното коло ќе го одлучи патникот во тоа
натпреварување.

Лулиќ во 17.
минута го доведе во водство тимот од Рим од 0-1, но Сими во 29. минута израмни
на 1-1 и навести интересно второ полувреме во кое домаќините во 61. минута со
голот на Чечерини направија и пресврт од 2-1.

Лацио со голот на
Милинковиќ-Савиќ во 84. минута се спаси од пораз и во моментов има 72 бода, три
повеќе од петто пласираниот Интер, односно еден помалку од  Рома која веќе загарантира место помеѓу топ
четирите екипи на табелата.

Дури пет екипи,
меѓу кои се Киево (37), Удинезе (37), Каљари (36), СПАЛ (35) и Кротоне (35) во
последното коло ќе водат битка за опстанок, откако само едно, од последните три
на табелата, се уште е неизвесно.

 

Резултати од
денешните средби
:

Болоња – Киево 1:2

Кротоне – Лацио 2:2

Фиорентина –
Каљари 0
:1

Торино – СПАЛ 2:1

Верона – Милан 0:1

Од 18,00 играат
Аталанта – Милан, а во терминот од 20,45 се среќаваат Рома – Јувентус, односно
Сампдорија – Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани