Ла Лига ја притиска Барселона: Каталонците ќе треба да одиграат три натпревари во шест дена?

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Барселона поради смртта на докторот Карлес Минор за викендот побара и доби одложување на натпреварот со Осасуна, но сега каталонскиот гигант се најде во проблем.

Имено, Ла Лига и предложи на Барселона овој одложен натпревар да го одигра пред крајот на претстојната репрзентативна пауза, однсно во четврток на 27 март.

Барселона е во тешка ситуација и веројатно не може да одбие, но ќе треба натпреварот да го игра без јуножноамериканците Роналд Араухо и Рафиња кои во текот на тој ден ќе пристигнат од настапите за своите репрезентации.

 Освен тоа Барселона по тој натпревар во четврток веќе во недела би требало да ја пречека Жирона, а потоа би бил реваншот од полуфиналето со Атлетико. Тоа би значело дека Барселона би одиграла три натпревари во период од шест дена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани