1,2K
Според информациите кои
ги пренесува „ECHO“, се
вели дека Ливерпул е во сериозни преговори со фудбалските федерации на Бразил и
Хрватска да овие две селекции својот подготвителен меч во рамките на Мундијалот
во Русија го одиграат на „Енфилд Роуд“.
Недела, 3 јуни е денот
кога двајцата моментални членови на Ливерпул, Роберто Фирмино и Дејан Ловрен ќе
имаат меѓусебен дуел, а особено интересно би било враќањето на Филипе Кутињо на
арената која ја напушти по трансферот вреден 142 милиони фунти во Барселона.