Кутињо дојде, сега Барса треба да продава, кои играчи ќе го напуштат Камп Ноу?

by
2 минути читање

Во Барселона има бурен преоден рок, откако го донесоа своето најскапо засилување во историјата, сега пред се следува операцијата за продажба на играчи.

Се очекува од Камп Ноу да заминат неколку фудбалери, пред се Маскерано, Арда Туран и Алеш Видал, но клубот има шанси да го напуштат и Делофеу, Рафиња и Андре Гомеш.

Маскерано ќе си замине од Барселона до крајот на овој месец. Тој сака да игра повеќе пред Светското првенство и тоа ќе му го овозможат кинезите. Аргентинецот се очекува да се пресели во Кина, од победата финансиски бенифит ќе има тој, а трие раце и Барселона.

Арда Туран не ја добива саканата минутажа, но неговиот став е дека доколку не добие понуда која ќе изгледа примамливо за него, ќе го испочитува договорот. Барселона работи на негова продажба и се надева дека ќе дојде понуда која ќе ги задоволи сите страни.

Алеш Видал од истите причини сака да замине од Барселона и да се врати во Севиља каде го сакаат. Според шпанските медиуми, двата клуба се во преговори за реализација на овој трансфер и доколку биде договорена сумата тој ќе се врати таму уште зимово.

Делофеу добиваше шанса кога Дембеле беше повреден. Но сега откако тој се врати од повредата, а пристигна и Кутињо, неговото место ќе биде крајно загрозено. Се шпекулира дека неколку италијански клубови сакаат да ја искористат ваквата негова положба и да го вратат во Серија А. Делофеу се поврзува со Интер, Рома и Наполи, а неговата вредност се проценува на 20 милиони евра.

Рафиња е интересен за неколку клубови, но најпрво треба да се види во каква форма ќе се врати по повредата. Бразилецот сака да знае и кои се плановите на Валверде со него пред да ја донесе конечната одлука за заминување.

Андре Гомеш дојде како скапо засилување на Камп Ноу, но не ги исполни очекувањата. Доби шанса и од Луис Енрике и од Валверде но покажа дека заслужува да биде првотимец. Неговите агенти донесоа понуди на Барса за заминува уште минатото лето, но тогаш клубот не сакаше да го продаде, сега со доаѓањето на Кутињо работите се менуваат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани