64
Ливерпул со убедлив
триумф од 0-4 се врати од гостувањето кај Борнмут вчера во редовното коло од
англиската Премиерлига, а еден од погодоците беше дело на Филипе Кутињо кој
притоа реализираше и една асистенција во головите за својот тим.
По мечот, Бразилецот
доби признание за играч на мечот, а за време на мини-интервјуто беше запрашан
за сагата околу него изминатиот период, тој се мачеше во давањето на конкретен
одговор на тоа прашање, а ситуацијата ја спасуваше неговиот соиграч Чемберлејн
кој истакна дека не е фер да се поставуваат такви прашања.