Куња добил дозвола да го комплетира трансферот на Олд Трафорд, Бразилецот имал едно барање од Јунајтед

by bojan
1 минути читање
Куња

Вулверхемптон дал дозвола за Матеуш Куња да го комплетира трансферот на Олд Трафорд, Бразилецот имал едно барање од Манчестер јунатед – сака да го носи дресот со број 10.

Матеуш Куња наскоро ќе стане прво засилување на Манчестер јунајтед за сезоната 2025/26.

Вулверхемптон доцна вчера дал зелено светло напаѓачот да го комплетира трансферот на Олд Трафорд откако „ѓаволите“ се согласиле да ги исполнат условите од откупната клаузула на играчот односно да платат 62,5 милиони фунти во период од две години.

Па Манчестер јунајтед сега има дозвола да ги организира лекарските прегледи на Бразилецот, кој се очекува да стави потпис на петгодишен договор.

Во меѓувреме, Токспорт објави дека Матеуш Куња имал едно барање од Манчестер јунајтед.

Напаѓачот сака да го добие дресот со број 10, себеси се гледа како еден од носителите на играта и човек кој ќе може да направи разлика на теренот.

Во моментов, „10ката“ ја има Маркус Рашфорд, па ако Бразилецот го добие овој број, тоа сигурно ќе значи дека Англичанецот ќе биде продаден.

ФОТО: X/Wolverhampton

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани