Задачата да ги врати „Лалињата“ на прав пат ја доби Роналд Куман, Фудбалската федерација на Холандија конечно избра нов селектор и му ја довери работата на 54 годишниот стратег.
„Постигнавме согласност со Роналд Куман, тој е новиот селектор на Холандија. Стави потпис на договор со кој се обврза кон „Лалињата“ до мундијалот во 2022” – гласеше известувањето.
Холандија е без селектор од ноември кога Дик Адвокат си поднесе оставка по неуспехот да избори пласман на Светското првенство во Русија.
Роналд Куман е четвртиот селектор на „Лалињата“ откако Луј ван Гал се повлече по мундијалот во Бразил, каде Холандија заврши на третото место.
Гус Хидинг беше наследникот на Луј ван Гал, а потоа на кормилото седна и Дани Блинд, но и неговиот престој беше краток. Во овој лош период, Холандија не се избори ниту за учество на ЕВРО 2016.