Кулибали од херој до трагичар, Наполи загуби во Фиренца и го загуби Скудетото (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Градот под Везув еруптираше минатата недела, со триумф во Торино, Неапол почна одново да сонува за Скудетото. Но седум дена подоцна атмосферата ќе биде сосема спротивна. Јувентус вчера победи против Интер, а Наполи денска загуби од Фиренца.

Калиду Кулибали, кој со голот во 90. минута донесе славје против „Старата Дама“, денеска е голем трагичар. Дефанзивецот беше исклучен по осум минути игра на „Артемио Франки“.

Во обид да пресече една долга топка, дефанзивецот само го удри Симеоне. Судијата во прв момент покажа на белата точка и му покажа жолт на дефанзивецот, но со помош на ВАР ја преиначи одлуката, прекршкот го извади надвор од 16 метри и тоа значеше црвен картон за фудбалерот на Наполи.

Со играч помалку, гостите не можеа да сторат ништо повеќе. Симеоне во 34 минута погоди за 1-0, истиот играч потоа реализираше за 2-0 во 62. минута, а напаѓачот во завршните мигови забележа и хет-трик за конечни 3-0.

Јувентус сега одново има +4 на табелата и тешко за верување е дека „Старата Дама“ ќе испушти ваква предност на три кола до крајот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани