Српскиот репрезентативец Филип Костиќ би можел да ја продолжи кариерата во Серија А и покрај тоа што му истекува договорот со Јувентус. Италијанските медиуми пренесуваат дека искусниот крилен фудбалер е на радарот на новиот прволигаш Венеција.
Информацијата прв ја објави познатиот италијански инсајдер Николо Шира, а доколку трансферот се реализира, Костиќ ќе му се придружи на неговиот сонародник, голманот Филип Станковиќ, син на Дејан Станковиќ.
Младиот чувар на мрежата беше стандарден меѓу стативите на Венеција минатата сезона и настапи на сите 38 натпревари во Серија Б, каде клубот го освои првото место со 82 бодови, само еден повеќе од Фрозиноне.
Кога станува збор за италијанската елита, Интер веќе ја обезбеди 21. шампионска титула во историјата, а новата сезона во Серија А ќе стартува на 23 август.
#Venezia have shown interest in Filip #Kostic as a free agent. The serbian winger will leave #Juventus at the end of the season. #transfers
— Nicolò Schira (@NicoSchira) May 21, 2026