Конверзацијата помеѓу Мос и неговиот помошник Смарт за пеналот над Кејн (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Во 85. минута Тотенхем
можеше да дојде до водство од 1-2, но Хари Кејн промаши од белата точка,
одлуката за пенал беше доста дискутабилна.

Камерите ја уловија
конверзацијата која ја имаше главниот арбитар на мечот Џонатан Мос со својот
помошник Едвард Смарт, кој очигледно е дека немаше претстава дали Ловрен ја
допре топката пред таа да стигне до Хари Кејн, кој за момент и симулираше за да
добие удар од белата точка.

Во конверзацијата учествуваа и фудбалерот на Тотенхем, Ериксен, како и Џан од спротивниот табор.

Смарт: Сешто ми
е потребно да знам, дали Ловрен ја допре топката?

Мос: Не знам

Смарт: Доколку ја допрел топката, тоа не е офсајд, така да одиме
со одлука за пенал, офсајд е доколку Ловрен не ја допрел топката

Ериксен: Тој ја допре топката

Чан: Тој не ја допре топката

Мос: Само зборувајте со мене уште еднаш

Смарт: Знаеш што прашувам, морам да докажам, дали Ловрен ја
допре топката? Доколку не ја допрел, е офсајд

Мос: Немам претстава дали Ловрен ја допре топката, морам да
бидам искрен со тебе. Мартин, имаш ли нешто од ТВ камерите? Јас ќе досудам
пенал…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани