Контроверзии, пресврти и драма, Јувентус славеше на лудо и возбудливо „Дерби на Италија“ (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Првото полувреме беше прилично тензично, траеше 53 минути и ВАР дури три пати беше повикан на помош.

Коста во 13. минута го отвори резултатот откако остана сам на подалечната статива, а со видео технологијата се проверуваше дали Бразилецот беше во офсајд. По прегледувањето на снимките, голот беше оправдано признат.

Само неколку моменти подоцна, ВАР одново беше повикан на помош. Весино задоцни со стартот и го згазна Манџукиќ. Судијата најпрво покажа жолт, но откако го виде стартот на повторена снимка реши да извади црвен и покрај тоа што фудбалерот на Интер го повлече стапалот откако сфати дека ногата на Хрватот е под него.

Длабоко во судиското надополнување се случи нова контроверзна ситуација. Матуиди погоди за 2-0, но Французинто беше метро во офсајд а помошникот не го забележа ова. Со помош на ВАР, голот оправдано беше поништен.

Интер се врати во игра веќе на стартот на вториот дел. Од прекин Кансело нафрли одлично, а Икарди осамен погоди со глава за 1-1 и огромна радост на домаќините.

По еден час игра Игуаин имаше шанса да ги врати гостите во водство откако успешно избегна една офсајд стапица, Аргентинецот добро се ослободи од Хандановиќ но биеше многу непрецизно.

Казната за ова промашување стигна во 65. минута. Перишиќ добро продре по левата страна, упати остар центаршут по земја а Барзаљи си ја затресе сопствената мрежа за предност на Интер од 2-1.

Во 70. минута, Коста се обиде итро да го изненади Хандановиќ на поблиската статива, но голманот на Интер одбрани. Пет минути подоцна Дибала опасно се закани, Аргентинецот биеше одлично од слободен удар, топката одеше во аголот но Хандановиќ и овој пат беше на висината на задачата.

Интер за малку ќе поведеше со 3-1 од контра, но Икарди задоцни по додавањето на Кандрева.

Потоа следуваа драматични завршни минути. Најпрво Квадрадо од речиси мртов агол погоди за 2-2 во 87. минута, а само 120 секунди Игуаин со глава го матираше Хандановиќ за славје на гостите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани