Контра-удар од порно актерката до Јамал: Ме повика во својот дом и јасно даде согласност!

by 24 фудбал
2 минути читање

Продолжува сагата во која се најде младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал. 17-годишникот прво беше поврзуван со моделот Фати Васкез, а од вчера хит во шпанските таблоиди е приказната поврзана со Клаудија Бавел.

Инфлуенсерката и поранешна актерка во филмови за возрасни, Клаудија Бавел, која веќе неколку месеци е дел од медиумските колумни поради наводни приватни релации со фудбалери како Икер Касиљас и Хоакин Санчез, сега е во фокусот поради нов случај со тинејџерот на Барселона, Ламин Јамал.

Во интервју за емисијата „TardeAR“, Бавел откри детали за комуникацијата со Јамал, која наводно била иницирана од младиот фудбалер. Таа тврди дека тој ѝ испраќал аудио-пораки и пораки во кои „ѝ дозволувал“ да биде со него и покрај тоа што е малолетен.

„Имам еден куп аудиа во кои ми вели да одам таму кај што живее“, изјави Бавел, додека од таборот на Ламине Јамал тврдат спротивно – дека токму тој ја одбил и не сакал ништо со неа. Сепак, Клаудија навести дека и покрај сè, Јамал никогаш не ја поканил во својот дом: „Ми рече во аудио: ‘Дојди дома, имам греење’, ама реално – не ме покани“, истакна таа.

Во живо на телевизија прочита и дел од пораките кои наводно ги разменувала со фудбалерот:

  • Бавел: „Имаш 11 години помалку од мене, не ти е тоа многу?“
  • Јамал: „Не, тоа е совршено“
  • Бавел: „Хаха, ако ме уапсат, ќе ме вадиш од затвор“
  • Јамал: „Нема проблем, давам своја согласност“

Инфлуенсерката откри и дека Ламине ѝ се јавил кога ја објавила својата приказна со Икер Касиљас, предупредувајќи ја да не шири невистини: „Ми рече: ‘Слушај, со мене немој да измислуваш дека сме биле заедно. Имаш веќе години, не ти требаат лаги дека си имала нешто со дете од 17 години’“. На крајот, Бавел ја завршила комуникацијата со следната порака: „Јас со тебе ништо не сум имала, ти си малолетен“.

Контроверзијата е далеку од завршена, а јавноста го следи развојот на настаните со голем интерес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×