Челси го загуби
градското дерби од Тотенхем и тоа пред своја публика со 1-3, шефот на стручниот
штаб на Сините од Лондон, Антонио Конте веќе му здосадило да одговара на често
поставуваното прашање до него, зошто е тешко да се одбрани титулата сезонава.
„Зошто е тешко да
се одбрани титулата? Јас веќе сум уморен од повторување на некои работи. Имам
свое мислење околу оваа тема, и не сакам ад создавам проблеми, тоа ќе го
задржам во себе“ рече Конте по поразот од Тотенхем.
Бранителот на
титулата во најсилниот англиски фудбалски шампионат, Премиерлигата, екипата на
Челси има катастрофална сезона зад себе, не само што не може да ја одбрани
титулата, туку и тешка ќе биде битката за место помеѓу четирите најдобри,
односно пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Конте нема многу
грижи за тоа каква би била реакцијата на клубот во најлошиот случај.
„Не се грижам
околу тоа како ќе реагира клубот во случај да не влеземе во Лигата на
шампионите, искрено, знам дека фудбалерите, а воедно и јас, даваме максимум од
себе за да ги оствариме зацртаните цели и амбиции“ додаде италијанскиот
стратег.