Конте остро му врати на Ланг: Негово е да работи, мое е да одлучам кој ќе игра!

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Наполи, Антонио Конте остра му врати на Ноа Ланг откако летното засилување се пожали за минутажата која ја добива.

Изминатово лето, Наполи плати околу 25 милиони евра за ангажман на Ноа Ланг од ПСВ, но офанзивниот фудбалер се уште не успева да се наметне во првиот тим.

Тој има шест натпревари, сите од клупата и околу 110 минути фудбал, па го крена гласот по синоќешното гостување во Ајндховен.

Но тој веднаш доби остар одговор од Антонио Конте.

„Видете, треба да се фокусираме на тимот а не на индивидуалци“ – вели тренерот на Наполи.

„Ноа треба да работи, и ќе истрча на теренот кога јас ќе решам дека треба да добие шанса. Во спротивно, ќе остане на клупата за резерви“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×