Челси падна на петтото
место на табелата во англиската Премиерлига по минималниот пораз од лидерот
Манчестер Сити викендов во големото дерби, а италијанскиот стратег Антонио
Конте индиректно беше искритикуван од својот фудбалер Еден Азар, кој истакна
дека и три часа да траел мечот, немало да ја допре топката.
„Поразително е кога
излегуваш на теренот и сфаќаш дека си трчал, но не си играл фудбал. Да игравме
и три часа, немаше да ја допрам топката. Единствено, само во последните 15
минути малку го поправивме поседот на топката, но така требаше да играме целиот
натпревар“ рече Азар.
Челси имаше 29% посед на
топката, а Белгиецот индиректно му посочи на својот тренер дека не сака да игра
на позицијата на лажна деветка.