Конфронтација помеѓу Керол и Мојс, на напаѓачот му бил покажан излезот за време на тренинг на Вест Хем

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Вест Хем, Дејвид Мојс му наредил на неговиот напаѓач Енди
Керол да си замине дома на сред тренинг на клубот, откако обајцата имале лута
конфронтација.

Недоразбирањата
започнаа откако Керол „исчезна“ низ тунелот во финишот од средбата на домашен
терен против овосезонскиот шампион во Премиерлигата, Манчестер Сити, каде Вест Хем
загуби со 1-4, а Керол одбил да се врати на клупата за резервни фудбалери.

Првичните
информации велеа дека напаѓачот сакал да отиде до тоалет, а Мојс нешто помалку
од 30 минути до крајот на мечот веќе имаше направено три замени.

Керол е
фрустриран откако неговата минутажа под водство на Мојс сериозно опадна,
напаѓачот не се најде во првите 11 во составот по онаа победа од 2-1 против ВБА
на 2 јануари, кога тој ги постигна двата гола.

Вест Хем се уште
нема изборено опстанок во елитното друштво на Англија, иако во моментов е на
позиција која му гарантира таков статус, сепак, бодовната разлика (3) со Саутемптон
кој се наоѓа на местото кое води на понизок ранг (18) на три меча до крајот
навестува битка до крајот на актуелната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани