Со месеци се
најавуваше дека популарниот Рино ќе биде награден со нов побогат договор откако
ги консолидираше редовите на Милан и го врати клубот во битка за место во
Европа.
Џенаро Гатузо
денеска конечно стви потпис и се обврза кон „Росонерите“ до 2021.
„Ви благодарам за
укажаната шанса, без Фасоне и Мирабели немаше да бидам тука” – беа првите зборови на стратегот. „Среќен
сум што сум тренер на славен тим како Милан. Сакам да им се заблагодарам на
момците и мојот персонал за довербата. Се надевам дека наскоро ќе го вратиме
Милан на местото кое го заслужува”.
Новиот договор на
Џенаро Гатузо му носи речиси 17 пати поголема плата. Наместо досегашните
смешни 120.000 евра по сезона, во иднина тој ќе заработува 2 милиони евра
годишно.