Којашевиќ: Одиме на нова победа против Шкендија, дојден е редот и купот да го освоиме

by
1 минути читање

Вардар долго време чека на трофеј од Купот на Македонија, амбициите за оваа сезона се двојната круна, па фудбалерите на Гоце Седлоски максимално ќе влезат и на утрешниот меч против ривалот Шкендија.

„Пред само неколку дена успеавме да ја победиме Шкендија, и сега повторно со нив се среќаваме во Купот. Секако дека го посакуваме и тој пехар во нашите витрини, па од тука одиме на нова победа над нашиот ривал и на утрешниот натпревар. Сакаме што подобар резултат пред реваншот во Тетово. Мотивирани сме да докажеме дека сме најквалитетен тим и да докажеме дека можеме уште еднаш да победиме во дерби натпреварите оваа сезона“, рече Којашевиќ. 

„Знам дека одамна Вардар нема освоено Куп, и мислам дека дојде редот и овој пехар да го донесеме во витрините на клубот. Секако дека шампионската титула тука се подразбира. Оваа сезона имаме шанса за двојна круна, и мислам дека имаме сила, квалитет и можност да дојдеме до такво нешто. Тоа би било одличен успех на клубот доколку би успеале, а ние сме подготвени да дадеме се од себе на секој натпревар. Одиме чекор по чекор. Утре против Шкендија на победа, на што подобар резултат пред реваншот. Ја повикувам и публиката да дојде и да ни даде поддршка, а ние да им вратиме со уште една добра игра и со триумф“.

Натпреварот помеѓу Вардар и Шкендија се игра утре со почеток од 14 часот. И овој меч е прогласен за натпревар од висок ризик, па ќе биде без гостински навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани